тогаш (прил.) - толку (прил.)

Што тогаш толку ме тера кон градот? Што барам по улиците?...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не знам зошто тогаш толку многу брзав да пораснам кога целиот град што се протегаше од Мичурин до Градскиот парк ми беше достапен во секое време.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од каде тогаш толку жед.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Впрочем, зошто тогаш толку конспирација од мене?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Зошто е тогаш толку силна желбата за живеење и за добивање знаења, умеења и материјални добивки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од фрижидерите со снежец до моите недостижни фантазии во раните пубертетски години.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, старчето е страшно живо, и денес, пет години отпосле, сосема јасно го гледам како поднаведнато стои до мене, за разлика од оние тогаш толку присутни, кои постојано ме прашуваа: „Quand viens-tu a Paris?“, а чии зборови и имиња сега толку лесно ги мешам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)