тогаш (прил.) - таму (прил.)

- А ние мислевме дека тогаш таму, на Камна... - прошепоти со скршен глас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со помошта божја успеав тогаш таму да го задоволам копнежот на срцето без да црвенеам од срам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако ги разгледаме сега распространетите во Македонија религиозни пропаганди, тогаш таму ќе ги најдеме религиозните пропаганди во повеќето случаи да служат како орудие за национални и политички цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зошто тогаш таму во Бурели кога ги тераа на импровизирана бина и на сет глас Захаријадис и неговите – редум, еден по еден, по име и презиме, ги прогласија за предавници и шпиони, никој од нас не застана во нивна одбрана?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А тој ми вели: - Точно е, тие тогаш таму клеветеа и викаа против, а сега викаат за. А ти таму молчеше и тука молчиш...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)