тогаш (прил.) - сѐ (прил.)

Се гледа, еве, како тогаш сѐ темелно испитувале.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
(Ова го тврдев иако тогаш сѐ уште ја немав сретнато Пеперутката, па кога беше во прашање љубовта навистина можев сешто да верувам а ништо да не знам).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И еве сега „Фајар” во Париз ја објавува и третата книга на Луан Старова романот Атеистички музеј, (Le musée de l` athéisme), во кој авторот ни претставува еден трагичен запис за неколкуте пеколни денови од патувањето во пролетта 1979 година во Албанија на Енвер Хоџа, кога сакал да ја види својата родна земја, тогаш сѐ уште во јаремот на сталинистичката ортодоксија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И од тогаш сѐ се исчисти. Веќе не се појавија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, тогаш сѐ уште не беше заборавил на чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако, понатаму, го одземеме колонијализмот, тогаш сѐ уште ни останува балканскиот фашизам на усташите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тогаш сѐ уште не беше стапен во сила законот за забрана на пушење во јавни простории и кафеани.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еднаш излегувам на балконот, кога околу главата почнаа да ми зујат две-три оси.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)