тогаш (прил.) - првпат (прил.)

- А сега млада дамо... - Томо! - тогаш првпат му го изговори името.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш првпат фати глушец и го изеде. Потоа се научи сам да ги лови.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш првпат видов дека виѓавам повеќе од сите други, при очи слепци.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш првпат ѝ го слушнав името.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тогаш првпат сетив колку сум сама без него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А можеби тогаш првпат се појави, вели, за да ја реши мојата недоумица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш првпат почнува да пее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш сите рекоа: Добро. Змејко тогаш првпат го чу зборот штрајк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трајко тогаш првпат ми се пожали дека не му е добро.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа вечер преспавме таму и утрото нѐ разбудија и нѐ однесоа на станица. Тогаш првпат видовме воз!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јован 2004 година.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со своите тажни очи на кои тогаш првпат го забележав настојчивиот поглед, ја фиксираше мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Проклет да бидам, тогаш првпат тоа се случи, ни се јави.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чанга тогаш првпат зажали, длабоко зажали, што не знае да чита, што останал неписмен, пуст во душата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не знам дали го вознемири моето однесување господинот Иван Степанович, но тогаш првпат пред мене лично спомна дека отсекогаш имал симпатии кон својот стар соборец и пријател Семјон Иванович, дека му помагал, колку што можел, и дека, еве, на крајов, го ослободил од оние камати во врска со оној заем за фордот што реално гледано тој му ги должи а сепак не бара да му се платат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„И најпосле“, додаде, „очекуваме и негова подршка на нашето заедничко дело.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Што е за право, нас во Македонија тогаш првпат не стресоа демонстрациите на Албанците во Тетово.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мојата генерација тогаш првпат виде во живо што значело секоја ноќ да ти бучат авиони во сонот и уште што значи да не ти се затвораат клепките од неизвесноста на судбината на блиските пријатели во соседството.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)