тогаш (прил.) - овде (прил.)

Ако на овој кварт на студентите му се одземат оние широки булевари, кои се наедно и главните магистрални артерии на фанцуската метропола, тогаш овде можете да се изнагледате на безброј тесни улички и сокаци кои не се оставени на мир од автомобили, што и овде се вовираат и ги обеспокојуваат многубројните шетачи...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако малку се оддалечите од центарот и ако тргнете по височинките на градот или се впуштате кон неговите тврдини, кои го обиколуваат на неговите врвови од левата страна, тогаш овде шумот само рефлексивно се дофаќа и чувствува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
МАТЕЈ: Зошто си тогаш овде? МИРА: Те сакам. (Матеј става слушалки на ушите. Пауза. Мира го гледа.) Храбриот нов свет.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ноќе, или во првите ноќни часови, сиот „Пигал“ се капе во шаренило од светла и тогаш овде најмногу се згустнува од луѓе, од љубопитни шетачи и гости на Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)