тогаш (прил.) - наеднаш (прил.)

Се обидувам да запишам нешто но пенкалото е премногу бавно, затоа станувам и одам во круг.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш наеднаш и по некоја среќа, водена од ненадејниот налет на енергија додека дрогата ми прострујува низ вените, ми текнува на моето гимнастичко минато и правам серија на ѕвезди и колути напред и назад.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И тогаш наеднаш, од некаде, ко од никаде се јавува Јон. Застанал на вратата од пондилата и ја запира водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Намуртено надоаѓа сивото предвечерје и кога се чини дека мракот се ќе споплати, тогаш наеднаш зад нас се тргна облакот и зад него - половина од сонцето потпрено на ридот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го чувам неговото пусулче. Еден вид признаница, дека реквирираниот автомобил, форд 35та, лично го рекверирал од сопственикот Семјон Иванович, за потребите на неговата единица, и дека на сопственикот на автомобилот, истоименуваниот, му го отстапил својот коњ, за да може да се врати дома.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И тогаш наеднаш се досетил бистриот Капетан. Живкович мислам се викаше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сурушите тогаш наеднаш ги снема.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А тогаш наеднаш ми вели: „Мори, Василке, за малку да заборавам зошто дојдов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)