тогаш (прил.) - зошто (прил.)

Лага е, си велев лежејќи во креветот на грб, со рацете прсти во прсти под тилот, ако не е лага, тогаш зошто воопшто имал потреба да го каже тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Значи, не е само да служи. Ако било така, тогаш зошто бараш убава жена, а не само силна, и цветот зошто ти е убав, сигурно не само зашто врзува плод...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Да... - Е, тогаш зошто ние во шишенцава не би правеле и лекови...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Па тогаш зошто бевме да го видиме?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„А ако не трае овој ужас долго, тогаш зошто не заминеш само ти, онака на кратко, колку да ги смириш своите пријатели?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ако не трае долго, тогаш зошто секој кој може да добие излезна виза бега од земјава?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зошто воопшто постоеле сите тие радосни потреперувања и очајнички свивања на срцето, зошто биле кажани тие зборови вистински и зборови лажни, зошто сите тие надевања и разочарувања, зошто тие мудри мисли и мисли глупави, зошто таа радост и таа тага, зошто злосторствата и зошто добрите дела?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако исчезнале како никогаш да не ги било, тогаш зошто воопшто биле?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зошто не одиш само ти, туку со себе го водиш не само семејството, туку и твојот доктор и неговото семејство, двете куќни помошнички, па дури и кученцето и сестрата на твојата сопруга?,“ прашав јас. Зигмунд молчеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако прашањето за народноста на Македонците има првостепено значење за Бугарите, Србите и Грците и секоја од овие народности го третира по свое, тогаш зошто и ние тоа прашање да не го земеме во свои раце и да го разгледаме сестрано – и од бугарско, и од српско и од грчко гледиште, и критикувајќи ги сите нив да не си изработиме македонско гледиште за нашата народност, а се задоволуваме, според местото каде што сме се учеле, или со српското, или со бугарското или со грчкото гледиште?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А кога им велите: штом востанието е општо од сите македонски народности, тогаш зошто Комитетот заседава само во Бугарија, а не и во Србија, Влашко и на друго место, тие одговараат вака: Од тоа што комитетите заседаваат во Бугарија погрешно е да се прави заклучок дека македонските комитети се бугарски; за македонските комитети Бугарија не е ништо повеќе од една држава што им укажува гостопримство на Македонците и им дава слобода да работат слободно до колку таа работа не ѝ нанесува штета на државата, т.е.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако сега нашите противници го допуштаат образувањето на помали етнографски целини од поголема, како последица на историска неопходност, и ако тие досега гледале на Македонците како на Бугари, тогаш зошто сега тие не можат и не сакаат да го допуштат образувањето од таа голема етнографска целина што ја викале сите, па и тие, бугарски народ, две помалечки целини – бугарска и македонска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И, ако болеста е природна, тогаш зошто не е излечива?“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Брбореа, брбореа, брбореа... - Богати ли се птиците? - Не знам... Не се. - Тогаш зошто пеат?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Вертикално застанат на буково стебло, црвеноглав клукајдрвец со удари на клунот соопшти дека наскоро на дождот ќе му се придружи магла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Војникот веднаш пресече: „Тогаш зошто врз вашата куќа не се вее италијанско знаме, како кај другите?!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не тргајќи го погледот од снагата на девојката го праша Марка: „Тогаш зошто се шофери?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А ако е некое чудо, знаеш, од тие што човек не може да си ги објасни, тогаш зошто тоа ме снаоѓа мене?
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А куќните покриви? пак ме праша. Ни тие немаат крв, му одговорив. Тогаш зошто се црвени?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ах, поткровјето е темно, пријателско место, преполно со Времето, и ако застанеш токму во неговото средиште, мирен и исправен, со втренчен поглед, мислејќи и замислувајќи, насетувајќи го Минатото, исправајќи ги рацете пред себе за да ја почувствуваш Дамнешнината, тогаш зошто не...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зашто дедо Геро и не се сложи со некои селани кога рекоа ако не можеле да го убијат Лумана, тогаш зошто да му проштеваат на Бошка Манев кога тој секогаш им е в раце.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако не е така тогаш зошто елегантното оро, ноќта уште не беше помината, а тоа заринка во снегот на далечниот брег на Леденото Езеро?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Па и така да е, тогаш зошто не си барате за таа ваша револуција пролетери, туку не собравте нас простите селани?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако е, тогаш зошто не ме брани, како што јa бранеше татко ми?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ЕВТО: Е па тогаш зошто чекам? РАЈНА: Диши длабоко.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Па тогаш зошто да му носам?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Е па, ако не сме се загубиле, тогаш зошто ја нема вашата куќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако е најмала, си мислам јас, тогаш зошто таа не сака да се регистрираат?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Таму е – ѝ покажав со рака, ама не бев сигурна дали сум во право.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ако е така, тогаш зошто пишуваш текстови, што не ги раскажуваш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа всушност значи дека тетка ми не сака свадба и одбива да биде повторно омажена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Па тогаш зошто бевме да го видиме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)