И тогаш нејзиното дишење се одвои од здивот на другиот и се претвори во липање и потоа липањето се стврдна во слоговите на неговото име.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Мина преку терасата и околу оградата од грумушки трендафили, и тогаш нејзините стапала, обуени во сандали со ремчиња, нежно згазнаа на тврдиот, како килим, тревник помеѓу трендафилите и портокаловите кринови, кои со своите трубички беа отворени кон сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И кога пак на грчки ѝ го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓу карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пишувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да му се моли на Бога, ја презираа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)