тогаш (прил.) - праша (гл.)

Србин тогаш праша: - Прашај го лебати што ќе стане со нас?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш праша: „А претставата, што велиш, дали ќе биде добра, дали ќе им се допадне на публиката?“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И пред да изусти: Камо го, Ѓелета, падна пред нозете на старецот и дури тогаш праша: – Го грабнаа, го пленија-а-а... – ревна колку што можеше дедото Богдан.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се покаја после, но тогаш праша - „Чие присуство?“ и пламна од прснатата жица на нејзиниот глас.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)