тогаш (прил.) - остане (гл.)

Затоа тогаш остана сам, затоа утредента се сретна со оној во опустената колиба. Тогаш. Сега...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Има моменти кога по ваквите истрели смртта не се јавува во играта, тогаш остануваат на стрелиштето само синовите и ќерките на стравот и статистичарот со мастилава крв осуден да ги памети страшните бројки и да ги запишува со ракопис на праведник шупливите насмевки на преживеаните.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Наслови на неговите други романски книги: Книга за обманите, Преобразбата на Романија, Солзи и светци, Сомрак на мислењето, Приручник за страста. 1937-та Сиоран заминува во Париз и од тогаш останува во Франција, велејќи дека сликата на Романија ја чува онаква каква му се врежала во детството и таа слика не сака да ја поремети со чести доаѓања.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако се исклучат основните белези за Келн, дека е град кој се ближи до еден милион жители и дека располага со над 300.000 коли, град во кој се гради подземна железница и дека е еден од најголемите трговски центри кој се наоѓа на крстопатот на сите северозападни пазари на Германија, тогаш останува да се рече и тоа, дека е тој организатор на разни саеми и изложби, повеќе од меѓународен карактер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Е, па зошто тогаш останав глув пред ваквата моја желба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)