Макс беше и место во кое почнав да сретнувам навистина млади клинци кои беа исфрлени од училиште и се муваа по улиците наоколу веќе со години - убави девојчиња со најнова шминка и совршена гардероба и дури тогаш дознав дека имаат само 15 години и свое дете.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во сестринската соба возбудено се обидував да им раскажам дека лековите не ги голта, тој, а тие се смееја и тогаш дознав дека тоа се витаминчиња, а дека секој 21 ден добиваат по една депо-инјекција и дека се раат до следната, а овие другиве, ситни разнобојни таблетки се само мамец и дека можат и без нив.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тоа беше вистинско место каде Поп Арт и поп лајф се здружуваа во шеесетите - скулпторите и рок yвездите и поетите од Сент Марк плејс, холивудските актери, кои дошле да проверат што работат андерграунд актерите, сопствениците на бутиците и моделите, балетаните и го-го играчите - сите одеа во Макс и се мешаа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)