Го слушам како се тркала, како се мачи да стигне до мене твоето тихо ало, твоето сонливо и тркалезно о, и веднаш потоа, како измамник, како крадец, ја спуштам слушалката, го поземам од неа уште недоразбуденото и тркалезно о, го стискам во дланките, легнувам со него во постела, го покривам и саноќ го милувам, И кога помислувам дека заспало веќе - тоа како светулка ќе ми светне во мракот и ми се крие меѓу прстите...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)