тивко (прил.) - низ (предл.)

Ел - Тепе в облак надвишил чело, шумоли тивко низ гора лист, мирисат росни цвеќиња в долој, ромори поток ко солза чист...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Така Земјата го носеше тивко низ етерот и крај ѕвездите, без најмал потрес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се провлече брзо и тивко низ малечката врата и легна долу, бревтајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)