Воениот оркестар свири маршеви, владиците и даскалите држат говори, а месните, сега малобројни шегаџии и во одминати години во спомен на Павлос Mелас тивко потпевнуваат една од песните што пред многу години ги пееле шегаџиите од околните села:  Е, ре Павле, ре Павле,  Паметвиш ре Павле,  Кога се криеме о ена воденица  О која најдоме ена вдовица,  Која ни даде биеница  И му трнаме по ена палица?....
               
             
           
            
            
              „На пат со времето“
               од Петре Наковски 
              (2010)