тивко (прил.) - влегува (гл.)

Баба секоја вечер тивко влегуваше во капеличката и се молеше за здравје на сите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ја слушнав како тивко влегува, па се приближува кон спалните, ја отвора најпрво вратата кај брат ми, здраво мило, како си, го прашува, потоа продолжува кон мојата соба и ете ја кај мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали пеевме добро не сум сосема сигурна, бидејќи некаде кон средината на песната го здогледав татко ми како тивко влегува во салата и седна во првите редови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пред влезот - прецеп меѓу две карпи - застанува, гледа - здивот ѝ запира... него го гледа - легнат врз јамболијата - заспан... тивко влегува... легнува до него... му го гали челото, лицето, рацете... му ја распетлува кошулата испотена...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Што прави мојата девојка? – ме прегрна и ме бакна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)