Тој настојуваше да го прогласи за несомнен факт она за кое веруваше дека можело да се случи, а јас тврдоглаво се држев до вистината на веќе слученото.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Мојот Бог е далеку“, тврдоглаво се извлекуваше итрецот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мило му беше што им се противставуваат на сите ветрови на времето, но и жал му беше што така тврдоглаво се бранеа од сѐ што е ново.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Снегот никако не запираше. Патеките што Бојан со упорност на крт ги прокопа до плевната, до потокот и до изворот, набргу бараа повторно чистење, зашто снегот тврдоглаво се пластеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Барем во тие денови верував дека на сличен начин се изневеруваме себеси кога ја прикриваме вистината но и тогаш кога невистината ја прогласуваме за вистина само затоа зашто тоа го бараат од нас.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)