И рече Филозофот: „Лествичникот е блудник, и блудствува со ќерката на логотетот; откако му е доверена на воспитание и ука, тој секоја ноќ ја води на тајно место.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Додека Гзиме одеше да ги види децата, во мигот се сетив на првата тајна средба со Јасер Арафат, пред две неполни години, по предавањето на акредитивните писма на едно тајно место, како прв амбасадор на Југославија на државата Палестина, која офцијално не постоеше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Рече дека има план ливчињата да се сохранат на тајно место, место толку тајно што да биде сосем видливо, оти луѓето подобни за лоши дела, крадците и убијците, знаат дека законот секогаш ги бара украдените работи далеку од окото и од местото каде се украдени; затоа, најдобро е тие да се скријат на највидно место, оти таму никој не го бара пленот на крадците!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Пајтонот, направен во Виена со тајно место за динамит, лажните руски благородници го оставаат бездруго на погрешно место, зашто по експолозијата, со која се прекинува шепотењето на некоја сура од Коранот, ни на крвавиот султан, најкрвав за Ерменците по ваквото утнување, ни на ичоганите, пашите, капудан-пашите, улемите и сите други големци не им се случува ништо; тие остануваат бледи, збунети и живи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)