Наоколу само ликови, сенки, зборови... итаат секаде а јас само таму некаде... каде се спојуваат бесконечноста и мигот... каде сенките се сенки и во ноќта... во одаите на скриените спомени во ходниците на копнежите... таму и она ништо е сѐ... а тоа сѐ е она што ти дава сила... за денот, за ноќта, сонот, за некаде каде никогаш не ќе појдеш, каде еднаш некаде... Едноставно, а незаборавно...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Каде мало и големо, каде машко и женско, таму и јас!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Еднаш на две недели, одам таму и да си ја наполнам корпата, и да си уживам во амбиентот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Препис учинивме, умножение од тој запис и го решивме“, рече Филозофот (Не ми беше јасно зошто цело време вели „ние“, кога сам се подвигуваше Филозофот, нека му е слава во Станот Небесен, но и мене ме стави до него, не ме заборави, како Господ што рече: „И каде ќе одам јас, таму и слугата мој со мене ќе оди!“).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Папуџијата Јосиф си имаше таму и лозјенце.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Америка се држи неутрално, но сепак има таму и американски доброволци кои се организирани под името „Abraham Lincoln Brigade” и се борат во интернационалната бригада на страната на републиканците на Азања.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Таму и живите спијат заедно со мртвите, велат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Е, сега ми е криво што не дојдов, вели, може да се таму и мажите наши.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но што барала таму и половина Русија?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кај што ми е главата, таму и храната.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таму и камењата ме познаваат, што се вели, и тревите ми се пријателки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таму и на својата сенка се пука, што се вели, мртва зона.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред преселувањето Перса ја замоли девојчето кај неа да го остава По цел ден сум дома, а и големка е веќе, кај јас таму и таа, ќе ми го разубави животот, да знаеш, златна!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ако си спомнувате, малку пред Амстронг да зачекори врз фантазијата на поетите, студентите го тресеа цел свет – од Беркли до Берлин и Париз, та дури и до Белград и Скопје (кај сите Турци таму и малиот Асан, шашардисан како онаа жабата што кинисала по коњот да се потковува).
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Оти кај зборот таму и душата излегува... И бугарските војници ги пуштија да се вратат. 164
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И кај да појдеш во планината, таму и него ќе го најдеш, ќе го затекнеш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)