таму (прил.) - долу (прил.)

Колку долго бил таму долу, не знаеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Драги мои дами, она место таму долу ќе биде моето изненадување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Раскажувај, среќо моја! Што се случува таму долу, во Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Тето, па ова е мал рај! - ѝ се оттргна длабока воздишка на Рада - Сега знам зошто те нема таму долу. Мислам во Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А после се изморив. И како впрочем, во овој момент, да се докаже дека не сме опасни ние, таму долу...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ха-ха, опасни сте вие, таму долу...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Додека се сончам таму долу во Њу Орлеанс, ќе помислувам на вас овде момци, како накиснувате до гола кожа.“ „Тогаш оди,“ рече Пикник, „оди веќе еднаш.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Знам, дека таму долу, во пеколот, има некој што мечтае за овде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Шепотливо плискаат брановите во невидливите карпи таму долу како да го повикуваат и потсетуваат и му забележуваат за нешто, како да го опоменуваат за нешто многу важно што тој го заборавил.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кај портата застана и, покажувајќи ја Сена со шилестиот прст, рече: Пред некој ден се симнав таму долу да испијам една чашка.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нашето село таму долу мислам не бил отсекогаш на ова место на кое што сега се наоѓа? го предизвикувам.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ене, оној таму долу, оној де, со лопатата. Не го гледаш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Штом е така работата, таму долу, нема што да правиме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А таму долу, покривите со ламарини, што е?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А долу, под нас, црнееја долините. Ми се стори дека никогаш, таму долу, нема да се раздени...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Например она, (и тоа е дел од секидневноста) кога ќе се најде во високата сфера, а одвреме навреме сепак мора да го симне погледот за да провери на пример дали таму долу сè е в ред со него, дури и тогаш кога се во прашање врвките од чевлите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ама мама ме тегнеше за ракавот, веќе речиси немаше луѓе во ложата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овие две повеќекатници коишто со своите прозорци се гледаа очи в очи, го стеснуваа видикот, така што не можеше да се види ниту светла рига од небото горе, ниту црна рига од земјата на влезот во градината, оградена со железна решетка таму долу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, тој веќе одамна знаеше дека таа е убава, му беше позната привлечноста на нејзините движења, трептежот на црните очи, насмевката на румените усни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вредеше да се навалиш на оградата на мостот и да чувствуваш во ушите како се крши мразот таму долу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вечерта на концертот во ушите го чувствував кршењето на мразот таму долу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Квечерината од вториот ден, Клара излезе да го запознае градот и топењето на мразот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Збрканост. Тласок. „Господи, па тој се уби!“ извикувам, и ги отворам очите и таму долу капетанот е потпрен на ракетата, со черепот расцелен од куршум, со отворени очи, со јазикот спружен помеѓу белите заби.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)