таму (прил.) - веќе (прил.)

Таму веќе се наоѓаа момчињата од Костурско. Воденските момчиња - на Кајмакчалан.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И, заедно со Питу и со другите војводи, влегоа во шаторот на штабот. Таму веќе го чекаа писма.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И пашата не беше уште ни пристигнат во Ресен, а таму веќе трепереа во смртен страв, собраните во џамијата преспански аги и бегови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дежурниот службеник во просторијата за посети ѝ покажа на Деница дека треба да влезе во кабината број 9. Таму веќе седеше Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа неколку пати го посетила гробот на својата другарка, но таму веќе не го сретнала нејзиниот сопруг.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сега сушата му ја исцица течноста од телото и тој венеше од жедта и таму веќе немаше течност, освен во чашата сок од портокали и во филџанот кафе што беа на послужавникот и беа бајати и смрдеа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секакви бучливи балкански јазици, таму веќе безначајни рекички, пред се да се слеат во еден, моќен и прекуморски јазик на кој исто така може да се пее и да се тагува, се мешаа, се зближуваа, се испреплетуваа, стануваа говор на заеднички потреби и верувања.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таму веќе немаше патници. Сите ја беа поминале контролата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Црната кадрава коса и ги покрива рамената, се распостелува по плеќите, го допира подот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А таму веќе почнуваат да се редат една зад друга. Растат редиците во црно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Им затреперуваат брадите. Затреперуваат образите. Загледани во ливчето хартија, одвај ја подголтуваат насобраната плунка. Се шират зениците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Овој напор го огрди, уште повеќе го остаре неговото лице, уште повеќе му ги избразди и му ги искриви брчките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А таму веќе пиеше вода еден стар човек. – Напијте се и вие водица и соберете си ја душата. Слободно. Без страв.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Излеговме од болницата и стоевме на врвот од скалите на влезот, па гледавме кон паркот, а таму веќе се беа измешале гостите со жителите на Гнездо, играа, пееја, вревеа, се бркаа, разговараа или се расправаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Понекогаш се сеќавам на оние твои зборови,“ рече брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој штотуку излегол, тоа е точно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога ќе влезете во неа, чувствувате дека некој штотуку заминал, сѐ уште може да се почувствува присутноста, иако таму веќе нема никој. 116 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Го одвел автомобилот до касарната но таму веќе немало никаков Штаб; Штабот веќе бил повлечен негде надвор од градот, а стражарот пред касарната му рекол дека и тој чека наредба да се повлече, цели шест часа веќе ја чекал смената.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури почнал да се плаши дека го имаат заборавено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А таму веќе се подготвуваат да ја градат централата „Светлина на Партијата”.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Замижуваш после, а кога ќе ги отвориш очите таму веќе легнале друг војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)