Е, што не собрала машината, собиравме ние. Таму работевме петнаесетина дена. Клас по клас.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таму работев како водоинсталатер и електричар.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Имено, Митревски таму работеше на опслужување свадби и веселби, беше приморуван да чисти ѓубре, работеше на утовар и растовар во хотелот, копаше канали и извршуваше секакви други работи кои 62 не се во домен на неговите квалификации, ниту пак во рамките на новосклучениот договор за работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И зборот ни е околу тоа како поминавме на Грамос, па на Вичо и ројот битки и маршеви и загинати и ранети и патот по кој поминавме, та стигнавме во Ташкент и од таму до тука, како поминавме во болниците во Југославија и во Албанија, во Полска и Романија, во Унгарија и во Германија каде најчесто ги менувавме протезите, како си поминувавме во санаториумите и превенториумите во тие земји, како таму работевме и што заработивме...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Го молев да се преселам во неговиот дом, а тој ми објаснуваше дека им недостигаат пари и немаат доволно простор, затоа што секоја година им се раѓаше по некое дете: прво Матилда, потоа Мартин, па Оливер, Ернст, Софи, и на крајот Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да биде апсурдот уште поголем, Митревски истакнува дека работата во хотел „Епинал“ била сѐ само не нешто што би можело да се нарече дејност на „културен работник“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Брат ми, откако се ожени со Марта, имаше отворено ординација во својот дом, и таму работеше со пациенти кои имаа психички проблеми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)