И навистина, Ристе помина крај Чебрен, а таму одат секакви страдалници и оставаат што им кабули душа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сепак, јас таму одев на работа која тој ми ја најде.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Па сите ние знаеме дека таму одиме, - ми вели тој мене докажувајќи ми нешто што мене и ми било прилично познато.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
СОФРЕ: Зборот, шура, кај ќе го носиш таму оди.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Двајца офицери на ДАГ долго одеа пред построените чети и не меркаа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А најчесто таму одевме кога требаше да пукаме со боева муниција.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Прилеп го заменија со Саботско и Воден и таму одеа на пазар колку за сол, та дури и по верските прашања се префрлија на мегленскиот владика.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сега таму одиме само за да ги посетиме гробовите на нашите предци...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А јас му одговорив: Не, таму одат храбри луѓе!, па заминав преку нивата и пресеков право на патот за Кошариште на зборното место.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Таму одев по нужда и само бели мали глисти ми излегуваа, изгледа од температурата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Таа таму одеше во школа за танцување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Оти се чу дека таму одел скришум да свири. 113
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)