Луис Алфонсо, роден во Лос Анџелес од родители емигрирани од Мексико, се шета по оваа Европа, некогаш од другата страна, сега ни ваму, ни таму држејќи часови по англиски, приватно или на универзитетите.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Облечена е во дводелен син костум, како да е подготвена за патување.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сликарот, чие име беше Фридрих Рихтер, бил од околината на Минхен; кога им се родил синот, тој и сопругата живееле во Виена – потоа пак отишле на имотот крај Минхен, а сега се вратиле во Виена затоа што слушнале дека доктор Ото Ауербах, професорот на брат ми, може да им помогне на деца во чија душа се вовлекла тагата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Брат ми ја беше запомнил мојата желба, и една недела подоцна ми кажа дека во куќата на еден од неговите професори доаѓа сликар кој таму држел бесплатни часови по цртање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)