Едни таму виделе жена, која била млада, угул гола и која се покривала само со косата, црна како капинка, други, пак, велат дека таму имало еден ливод, кој личел на светец, со брадулче, но телото му било долго, голо, обрастено само со мов, со опашка, дебело и без нозе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Хм, умен, се пази, си велам. И така, по кусо време, таму видов двајца луѓе во цивил и еден полицаец во униформа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се сеќавам дека еден ден си го отворив шкафчето и таму видов известување што вработените го залепиле однатре на металната врата, во кое се велeше дека тим составен од најдобрите одбојкари од нашата сала ќе се натпреварувал со противнички тимови на некој одбојкарски турнир во еден друг град.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со желби за среќа и успех, известувањето завршуваше со зборовите Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во осумдесеттите од минатиот век вежбав во една претежно геј-вежбалница во моето претежно геј-маало во Бостон.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вежбалницата имаше различни организирани активности во кои не можев да учествувам, како на пример, тимски спортови, меѓу кои беше и одбојката.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пред очите му прпелка сив гулаб кренат во рацете на свештеникот на Храмот и подготвен за жртвување, потоа пред очите му се појавува и самиот жртвеник на кој се принесуваат крвните дарови кон Бога од жртвените животни од кралот, од свештениците, од великодојстојниците и од бројниот народ кој во оваа камена градба виде исполнување на молитвите на генерациите од неговите излачени претходници, виде дом на Бога чиешто место на постоење го селеше со себе во своите долги номадски талкања по широките простори од Африка до Блискиот Исток, и конечно на канаанската земја и таму виде и дом за себе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во разговорот, во кој ни е вткаено подалечното вчера, му кажав на поп Стерјо дека бевме во селото Ошени - Инои и таму видовме дека има гимназија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Местото го посетивме и таму видовме само остатоци од дебели ѕидови, откорнати, испокршени, испревртени и расфрлени камења и дебели парчиња од керамиди.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)