И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И ете кај си прајме така од илјадница години и дури стои веков, Силјане внучко, сѐ така ќе си прајме - му рекол домаќинот и друзите.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Да му је милос на Бога, зер неќел да не сотрит сите, ами му дошло на старата од старио на сон за да кажи на дедој ни да појдат кај изворите и во еднио извор да се искапат, та ќе се сторат штркои, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во нашата земја и тамо челад да родат и да 'и изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другио извор, та да се сторат пак луѓе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)