Така луѓето ја препознаваа по улиците, ѝ дофрлуваа погрдни зборови и камења, ја плукаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се чешаат така луѓето, ги полнат ноктите со кал и со кожинки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кај можеш така луѓе да качиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Колку што повеќе се бореше за самодоверба на жените, толку помалку имаше самодоверба; сите тие удари на неа оставаа трага: ги губеше продорниот поглед и сигурниот глас, зборовите трепереа во нејзиното грло, погледот не застануваше на една точка, туку како да бегаше од она што го гледаше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)