така (прил.) - размислува (гл.)

Така размислуваше Татко во бурната ноќ на заминувањето на јагулите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Постоја така размислувајќи за нешто, па се фати за учкурот од шалварите, но брзо се премисли и побегна дома.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И додека така размислував, во одајата на Филозофот, без да тропне, влезе логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И одеднаш кога така размислував сфатив дека кутриот мој добар татко воопшто немаше време да се одмори, ниту некаде да излезе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но таа немаше намера да се убедува себеси дека Круме Волнаровски сега така размислува.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас така размислувам, кога тој се исправи и - што да видам? Да не ве излажам, ама уште колку за цела глава повисок од писарот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така размислуваше додека претпазливо доаѓаше сѐ поблиску и поблиску до точното место каде што беше змијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)