така (прил.) - остане (гл.)

И на задојувањето ѝ кладов сито на главата за да е сито детето, и книга ѝ кладов за да учи, а кај ќе учи кутрото дете, ама така останало, и ѝ кладов црвено јаболко за да е убаво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ти си нем, те немтуросала враџба, господ е глув. Така било, така останало. Разбираш?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така останува сè додека во собата не влезе Иван.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сигурно и овој се пикнал во водата и така останал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Моли се, крши си ја главата од олтарски двери, пак ништо“, со тежок глас им се придружи Никола Влашки; пијанството му го шараше со дамки бабуњосаното лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)