сѐ (прил.) - нешто (прил.)

Ваму многу е весела. Оди, седи, лежи, само си потпева некакви грчки, руски, турски песни и со Илка сѐ нешто потскришум си шепотат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Колку е тој поразличен од сите што ги знам, колку е сѐ полесно и поедноставно со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што ми фали пак мене? - Ништо, ама не знам зошто сте вие машките такви, кога некој ви се допаѓа, не го кажувате тоа отворено, јасно и гласно, туку сѐ нешто изведувате – реков и во тој миг се сетив на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Помага дедо Петре, за сѐ нешто треба машка рака, ама малкумина старци останати во селото, во себеси крепат сила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Еден од оние денови кога бевме под власт на тетка Ана, наминуваа до кај нас чичо и Борче, го зедоа нашиот автомобил што неупотребуван стоеше пред зградата, зашто чичо постојано нема што да вози: сите автомобили ги купува настаро и сѐ нешто ги поправа и преправа, а постојано оди пеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сѐ нешто ви се расипува, а татко ти како да нема мајстори - пријатели, чека да се распадне куќата па да ги повика.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сѐ нешто ти забрануваат, постојано тормозат, ужас еден!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И сѐ нешто делат, нешто черечат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Роса само ме гледа, ко да не е тука, ко да не сум тука. Очињата ѝ се црвенеат ѝ сѐ нешто си зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)