сѐ (прил.) - ти (зам.)

Секогаш кога го земам даљинското в рака, и констатирам дека од аспект на јужноамерикански серии сме во ситуација од сите страни Ѓорѓи сардисан, ми иди да пукнам Династија враќај се, сѐ ти е простено!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Па се дуеш, па се лутиш и сѐ ти е сиво, клоцаш маче, ти се чини тоа ти е криво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Сѐ ти нешто објаснуваш. Нели гледаш дека е мала и беспомошна?!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Што да го наведуваш да те лаже, кога сѐ ти е јасно уште на капијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)