Трајко сѐ знаеше, а уште повеќе дека Петко е сиромав, но имаше полномошно од селаните и го ослободи од таа страна Петка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со тоа тое веднаш ќе знаат што сѐ знам јас, а како што е познато најчесто самото знаење на работи што не треба да ги знаеш е доволно да бидеш во опасност.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А знаеш ли да сонуваш ѕвездени врвици? Знам, пак ќе му рече. Сѐ знам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ти сѐ знаеш, Оче Симеоне. Можеби познаваш некого.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но татковците и мајките изгледа сѐ знаат.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Но Летка сѐ знае. Затоа авторот неа засекогаш многу ќе ја сака.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Чекај, ќе ѝ ја ставам раката на уста. Знам, не раскажувај. Сѐ знам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Бил колибар, како сега дедо ми Димо, ама и ајдутин бил, Турци тепал, пљачкал... Дедо ми сѐ знае!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Убаво им направиле. - А инспекторката сѐ знае.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сите се правите сѐ знаете, што е небото, што е земјата.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
РАЈНА: Што може тоа да биде? (Пауза)
КИРО: Евто ме следеше навечер. Како сенка. Тој е во договор со Кајмакамот. Сѐ знам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
КИРО: Одам Гавриле. Сѐ знам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
КИРО: Вие сѐ знаете.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тој знаеше, сѐ знаеше, проклет да бидам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Знам. Знам. Сѐ знам. Знам дури и да одмерам што тогаш повеќе претежнало а што било знак на попатното.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)