сѐ (прил.) - бил (гл.)

Најинтересни беа жените; боже, велеа луѓето, највесело од сѐ било - да гледаш жени пијани; пиеја од котлињата, мавтаа со чашките и пагурите и викаа, пискаа: Ихуууу!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Прво тропање на врати, комисијата! Последната проверка, рекле, макар што според пописните листи сѐ било јасно, прејасно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)