студено (прил.) - време (имн.)

Луѓето го молат господа да им ги прости сите гревови што понекогаш ги чинеле на добичињата и ајваните, оставајќи ги често и жедни и гладни, што ги мавале без мера, што ги претоварале, што ги преморувале во орање, што во студено време кога биле спотни не ги покривале и заштитувале како што треба, туку кога фрчеле со носот, тие им велеле: утур-бутур! пукнал-треснал!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Речиси преку ноќ времето се смени: паднаа првите есенски дождови навестувајќи студено време.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но во студено време, кога запалив трески да се греам, ме открија и ме викнаа во управата на гробиштата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)