Во тој случај тие се обврзани писмено да се договорат за заедничките безбедносни и превентивни мерки и притоа да назначат стручно лице за надзор и спроведување на истите (чл. 15, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Органот што врши увид или реконструкција може да побара помош од стручно лице од криминалистичко-техничка, сообраќајна или друга струка, кое, по потреба, ќе помогне во пронаоѓањето, обезбедувањето или опишувањето на трагите, ќе изврши потребни мерења и снимања, ќе направи скици и фотодокументација или ќе собере и други податоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Томе предложи да се покани мајка му на Влатко: „Таа е стручно лице, работела во оранжериите за цвеќе во Кочани, сега е невработена и веројатно ќе ни помогне.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Не сум стручно лице, се информирам од медиумите, па од тоа знам дека за „Злетовица“ Владата на Република Македонија ќе обезбеди 60 милиони долари, понатаму ќе се обезбеди од светските банкарски институции, наменети за ваков вид проекти, еден дел ќе е самопридонес од населението од овој регион.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
При реконструкцијата по потреба можат повторно да се изведат одделни докази (чл. 234, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)