стрпливо (прил.) - чека (гл.)

Отспротива Хераклит ги подучуваше децата како од една капка се прават две џамлии и стрпливо чекаше да се ослободи маса за тројца во новоотворениот кубански ресторан.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Некои ги замрзнуваат движењата, со лубеницата надената на вилушка високо во воздух стрпливо чекајќи опасноста да се оддалечи.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Братучедите стрпливо чекаа избегнувајќи да се загледуваат околу себе за да не видат нешто што не смеат зашто стражарот што беше пред порта скоро не тргаше очи од нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Насетуваше страв во кој тој би бил пајакот а сите оние невидливи зборови за кои стрепеше дека некогаш некој ќе ги изговори или уште полошо, некој знае за нив иако не ги гледа, а тие знаат за тоа и стрпливо чекаат со чувство, дека им е сосема сеедно - порано или подоцна, дека тој сѐ позачестено се откриваше во пајажина за која никогаш и под ниеден услов не би можел да признае дека е негова, тој, од него.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Стрпливо чекав да дознаам повеќе за аскетизмот, но тоа не уследи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А неговото семејство, исплашено поради своето божемно лудило, токму што се беа вратиле со карти за Москва; старецот стрпливо чекаше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Што толку го влечеше кон ќерката?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поседнавме на тревникот спроти северната страна од зградата и загледани во прозорците стрпливо чекавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога се свртев да фрлам уште еден поглед кон непознатата девојка, на аголот го видов Драган Стојниќ: сал туку си пееше нешто за своја душа додека стрпливо чекаше да си купи нов мобилен телефон.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Затоа селаните стрпливо чекаа да видат што ќе направи дедо Геро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)