строго (прил.) - ѝ (зам.)

Мајка ѝ едвај се согласи, но строго ѝ забележа да не оди далеку.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Рашела погледна во мајка ми.  „Немаме”, им рече таа студено на службениците, а на Рашела строго ѝ рече, на влашки: „Ајде, што чекаш, оди заврши си ги работите!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Службеникот строго ѝ се обрати: - Ве молам, и картата за детето!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ти немој мене да ме учиш што е стрниште! - строго ѝ подвикна Кузе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Другарот Кузе направи идолопоклонички чекор накај Василопулос и со очи на исплашено куче објасни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Крстовица со наведната глава оди пред Кузе и, кога влегоа во канцеларијата на управникот командант на Прењес, таа застана до вратата и со уплав во очите гледа во чолакот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Редот треба да се знае, разбираш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)