строго (прил.) - му (зам.)

За почеток, јас ќе го збркам глушецот, а ти ќе го фатиш! - строго му рече Ловџија.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
— Само на селото никаков ќедер! — строго му заповеда бимбашијата и тргна пред аскерот, разделувајќи се со витолишкиот јузбашија, кој по истиот пат се врати назад во Витолиште и му ја соопшти пријатната новина на стариот мудур Арслан беј.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Но, мамо, ништо не ми е! - извика Ване. - Ти ќе останеш дома! - строго му рече мајка му. - Болните не одат в кино.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Службеникот ги запишуваше имињата со гласно изговарање Беелкаа, Стаалии..., но шефот веднаш го прекина и строго му се обрати на татко ми: – Не разбирам како тоа Сталинка, па Грда, не разбирам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)