Оно, таа и пред тоа неколкупати ја задеваше Нешка, ама Неда строго го избегнуваше тој разговор и еднашка дури и се подналута и ѝ рече: — Шо ме задеваш, невесто, кога човекот си е заватен?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа овој го повика оној бимбашија што беше зимоска во Витолиште, му ги покажа двете писма и строго го укори: — Се вративте, бимбаши ефенди, со несвршена работа, — и го погледна напорки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Што мислите сега да преземете, ефенди, по овие писма? — го праша Бахтијар место да му нареди нешто.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таа строго го погледна, го фати за нависнатиот подбрадок и, цедејќи го секој збор, го затресе: - Војската си ми ја оставил гладна!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Не претерувај – се вмеша мајка ми и строго го погледна татко ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не брани ја, Бреза би можела по цел ден да гледа телевизија, и тоа сè некои глупости, цртани филмови, реклами...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Знам, знам - мавташе отсутно со главата Ѓурчин. – Се тоа ми е познато.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Да не спомнувам дека постоеја прописи според кои окупаторот строго го казнуваше секој поединец што ги помага борците за слобода.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иако класичниот бродвејски мјузикл од 1940-тите и од 1950-тите строго го протерувал од својата сцена секого и сѐ што би можело експлицитно да се прибележи како хомосексуално во умовите на неговото гледалиште, „сега може да изгледа дека дало далеку побогат приказ на [геј-] желбата“ отколку што би можело да даде кое било експлицитно претставување на таа желба на денешната бродвејска сцена. (132)
Проблемот, или парадоксот, е што геј-идентитетот „на кој сме му ги довериле сопствените политика, етика и сексуални животи... е во суштински редуктивен однос со желбата врз која е заснован“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така е, на чесен збор: во малите градови осамените и тажните се кловнови за луѓето, за оние луѓе што строго го поделиле животот на печалба, сопружничка должност и спокојство крај полната софра. Во малите градови.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Шефот строго го гледаше, бараше да продолжи. – Националност? Сега татко ми се насмеа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Навечер дома седнуваше уште понастрана од него и уште построго го гледаше прашувајќи се дали на деда работата му е чиста или навистина, како што велат селаните, не му е.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)