страшно (прил.) - многу (прил.)

Храната што овој човек ја јаде има само еден недостаток за кој тој не е свесен: страшно многу одпад останува така што колку што ужива во јадењето двојно повеќе ужива во фрлањето на отпадоците што сепак заплашуваат да го задушат со сето свое смрдливо испаливо гниење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нејзе, сега, телеграма од домашните, со честитање за синот, ѝ беше страшно многу потребна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Имаа страшно многу работа, не здивнуваа спремајќи ги моделите до последен здив.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Што сакав да ти кажам? А, да. Донеси ми го текстот најдоцна до дваесетти. Па овој четврток, да. Прекутре.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Страшно многу работа имам! Ако секој ден не им стоиш над глава, ништо не функционира.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Страшно многу посакувам и јас да бидам разбран за да можам да видам како ќе биде тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)