Ако сепак на крајот тоа успееја да го разберат, ако успееја да се ослободат од кошмарноста, сѐ среќно се завршуваше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но ние среќно се довлековме до бавчите крај училиштето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ги наполнив зембилите со остатоците од храна, наполнив еден бинлак вода од Езерото и среќно се вратив кај вас, во куќата на баба ви. И така, деца мили, уште еднаш се разминавме со смртта...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Волјата на Чанга често стануваше прифатлива идеја, а идејата на татко ми завршуваше во волја за Чанга. Среќно се дополнуваа, а сепак остануваа самостојни...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Кутриот Караман! - воздивна и скокна од леглото. Прва грижа му беше да ѕирне надвор, со надеж дека можеби Караман се вратил и сѐ среќно се свршило.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Туку, сѐ едно... Среќно се извлековме... - додаде потчукнувајќи ме по коленото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Беше ангелосан, необично, тивко, среќно се смешкаше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)