среде (прил.) - соба (имн.)

Тој застана мошне незгодно среде соба, барајќи и обидувајќи се да смисли што да направи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стоиме среде собата со раширени раце.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Велеа: „Таа“, веднаш после тоа, кога главниот инженер отишол дома, а оној, Ристан, не можел да биде скриен, како што ги криела до тогаш сите други, бил огромен за да може да биде засолнет некаде, стоел среде собата, а таа висела, како играчка на неговиот врат, здрвен и со отпуштени раце, целиот грч, пред да се впушти во она, каде што го повикувал допирот од нејзините колкови: „Дојди колкав си, одлупи ме, сева, стори ме црвена, усвити ме, како да сум била в постела со сонцето, дојди...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во огништето крчкаше грнето со грав. Среде соба, на земјениот под, под вршник се печеше леб.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)