Именувањето на алтернативна тема или контратема е многу важно, помеѓу другите работи, и затоа што, (а) значајно учествува во чувството на индивидуата дека нејзиниот живот оди нанапред по патот кој таа го одбрала; (б) овозможува да се припише значење на настаните или искуствата кои инаку би останале незабележани или за нив би се сметало дека се од мала важност; (в) го олеснува правовременото одредување (средба-по-средба) и поврзување на настаните кои се случуваат за време на тераписките средби и (г) ѝ дава на индивидуата чувство дека знае кој може да биде следниот чекор во избраната животна насока.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)