Некои работи не ѝ беа сосема јасни, оти како може некој што никогаш не си го видел порано одеднаш да ти стане Мајко Персо, а една тетка Пена која ем помагала за да се родиш, ем ти го измислила името, а останала само како тетка Пена!?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Како низ полусон слушна сосема јасни зборови „побрзајте, почнуваме да ја губиме“. Боксот беше облеан со крв.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во ноќите во кои сум копнеел по телото на Луција, не сум предвидел таков потег; имаше во тој потег нешто сосема студено, рутинско, клиширано; оној кој гледал како пајакот ја плете својата мрежа, знае дека тој тоа го прави со геометриски студена прецизност, според сосема јасната самосвест за сопствените анатомски можности.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но кога навечер ќе рошнеше со машата во мангалот, пеплосаните жарчиња кратко вивнуваа, небаре некоја невидлива сила ги враќа во живот пред да умрат сосем - е, тоа беше сосема јасен знак како ќе изгледа неговиот крај.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)