Професор Пол пивна и се заколна дека во неговиот крај, кога бил мал, пред доаѓањето на геометрите и полицијата, имало џуџиња, монаси кои со посебен, строг начин на живеење успеале својата старост посветена на науката да ја продолжат до библиски димензии, при што, сосема природно, се смалувале...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Меѓутоа, од перспективата на самите Muddhoney, кои 82 Margina #1 [1994] | okno.mk истакнуваат дека тие отсекогаш биле дел од “Гартистичката Брукслеска” (Garth Brooks, најпопуларниот country пеач во Америка) ова е сосема природен потег.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во еден момент помислив дека можеби мојот началник се надева, сосема природно, да покажам љубопитство или сака, низ бавниот и банален тек на разговорот, да го испровоцира тоа љубопитство, но искуството ми зборуваше дека не смеам да паднам на таквиот испит.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа е скелетот на оваа лажна криминалистичка драма, која, сосема природно, се лизга од некаква црна сторија до травестија, осцилира меѓу метафизичка драма и гег, и уште поотворено отколку другите дела на Жене е проткаена со хумор, од почеток до крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А сепак, сосема осмислена среќа дека еден нов свет ѝ се открил сосема природно, сосема блиску, сосема некомплицирано и лесно, таму, на неговите усни, во неговата дланка и на неговите гради.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Облечен во оваа иста униформа, со пушката потпрена на коленото, тој седеше пред исклучениот телевизор и се убедуваше дека стравот што го чувствува како грутка мраз во градите е сосема природен во таа ситуација.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Понекогаш му се чинеше дека нивниот јазик го зборува подобро и од својот и македонските зборови сосема природно му доаѓаа кога сакаше да каже нешто, дури и пред оние на неговиот мајчин јазик.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ете како го прави тоа Трајче Кацаров. Неговите текстови-рефлексии започнуваат со еден сосема природен вовед од светот на уметноста или од секојдневниот живот, од некое прочитано интервју или занимлив прилог во дневниот печат, а потоа со голема доза иронија, гротеска и цинизам, укажуваат на состојбите во општеството, небаре прилог кон градење на една нова македонска културолошка свест.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ина на трапезот изгледаше сосема природно, како ниеден ден да не посветила на техниката или вежбата; немаше причина да не биде таква и во кревет. Имав и куќа: шатор небесен. ***
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еден шивач така добро познат меѓу одбраното општество е сосема природно да биде оптимист.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во овој случај имаме една необична трансформација на мелодијата, но откако човек ќе преслуша повеќе вакви инвертирани теми, ќе почнат да му изгледаат сосема природно.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Британците, од своја страна, како поискусни во субверзивните активности во земјите што биле под окупација, имале на што да ги учат своите американски колеги кога во ноември 1941 година СОИ ја отворил својата канцеларија во Лондон.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поради ваквиот пристап на Донован кон улогата и местото на ОСС, било сосема природно тој да стапи во контакт со СОЕ за заедничкото планирање и изведување операции во моментот кога во 1942 година заедничкиот Англо-американски генералштаб решил САД да ѝ се придружат на Британија во "субверзивните" акции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Зар не беше сосема природно да си го замислувам па дури и да го зазборувам токму него кога за тоа ќе се создадеа нужните околности.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ваквото дружење подоцна прерасна во еден вид живеење или поточно игра, како што реков веќе, во која не вложував ништо а таа сепак ми ја поттикнуваше самодовербата и ги збогатуваше доживувањата што ми недостигаа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Даниелс, начинот на којшто пее му изгледа сосема природен“, настојува Томасини, иако, додека да ја изнесе оваа забелешка, веќе станало предоцна за враќање кон невина природност – предоцна е истресеното да се врати под чергичето на геј-нормалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кате беше поодмерена: штом дојде нарачката, таа ја зеде чашата на Боге и му ја отпи пената од пивото; поправо, му ја исшмрка, ама сосема тивко, и му ја врати чашата, исто така сосема природно.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Проклет да бидам, одеа сосема природно.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа што тој беше сведок на тоа како таа во меѓувреме скрши неколку чаши во сосема природни временски интервали, тој не обрна никакво внимание.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во една пригода, Мајка си влезе сосема природно, во една црква, крај Езерото, и си запали свеќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)