Ако можеше дури и да не се сеќава никогаш за неа, да му биде таа сосема непозната, туѓа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како што покажува приказната со моине пријатели Французи, генеричките конвенции кои уредуваат што една послужителка смее да му рече на сосема непознат човек во Ен Арбор, а да не предизвика изненаденост, се разликуваат од оние што важат во сличните интеракции во Париз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Лицето добиваше поинаков израз, за нас сосема непознат.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Дине само еднаш подзапре, само еднаш ја сврте главата на друга страна од штицата, само тогаш кога почувствува дека зад него стои сосема непознат човек оти тој што беше зад него немаше никаква мисла во својата глава што можеше да биде непријатна, уште пред да се сврте знаеше дека човекот ужива како тој си ја обезбедува куќичката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
За Маркус Џони е сосема непознат лик што пее на непознат јазик.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Додека за карактерот на Орце нешто се знае, неговиот лик ни остана сосема непознат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)