Остануваше на прозорецот сосема неподвижен, со сите тие врескања во себе, и со еден човек, со еден пронајден лик во сеќавањето, за кого што тој ни еднаш не мислел дека го има сочувано во себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Погледна повторно кон местото каде што неговиот соборец нагази на мина – чадот се слегна и сега можеше да го види купот од човечко тело, сосема неподвижен.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)