Во други денови во мене се побудуваше љубопитство да разберам каква учителка е и како се однесува кон децата, но не можев многу да разберам од првачињата, тие беа сосема малечки.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се наведнаа да видат подобро и просто не им се веруваше: па тоа беа две сосема малечки кутренца, малечки - речиси колку нивната дланка, кутренца со одвај отворени очиња, гладни, измрзнати, кутренца што цимолеа со слаб глас.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
- Мамо, - постојано молеше тој, - да земам ли уште едно, само уште едно сосема малечко колаче?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)