Беа тоа едни сосема бели дрвја, имаа вклапнати ветки под тежината на перниците окит; мируваа невистинити дополу скриени во овнешкото руно на небото и само понекогаш, многу ретко, тие знаеја да дадат некаков знак на живот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Белка е сосема бела, Сталинка, односно Слободанка, е бела со кафеав врат, и Грда е бела, со црни дамки. – Учество во Народно Ослободителната Борба? – изусти расеано службеникот. – Какво учество, бе магаре, во војната. Козите не се луѓе? – го прекори шефот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Отец Стефан имаше едно сосема бело око и жила на вратот што во мигови на бес и злоба (што често го напаѓаа, оти душата слаба му беше) му чукаше како кај гуштерица.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Слетавме на мала плажа со сосема бел и многу ситен песок. Како сол ситен и бел.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)