сосема (прил.) - го (зам.)

А огромното поле на свеста сосема го беше напуштило; исчезнаа многу поими, посебно такви како што се Бог, свет, живот; на други се сеќаваше, на пример „луѓе“, „роднини“, но магловито; нивното значење беше избришано и воопшто не ја допираше душата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеше да мисли но некако формално.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А пак кога почнаа градителските работи на водоводот на крајот од април, пишувањето сосема го урнисав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа слика сосема го обзема.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
— Ах, Толе, Толе, да би од куршум не куртулил, да рече господ златен, шо ми a г'тна младоста! — почна и таа да го колне, леејќи порои солзи во темните ноќи, кога си мислеше колку го сакаше и сака, и колку маки и страдании крај него истрга, решена да умре со него заедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така со ред по сите села си фати посестримки, а Ќосото сосема го забатали.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Павле зеде со полни гради воздух и сосема го згмечи парчето хартија, што го држеше во рацете.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како по команда, рибарите ги поотпуштија веслата, погледите им се приковаа на колјата - дименџијата сосема го крена веслото - чунот подзапре, го измени правецот, него никој не го управуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овде зборот да се преживее сосема го замени зборот живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се разбира дека тој човек го имам сретнато. Но тоа беше време на војна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најчудно е сепак тоа дека многу луѓе малку знаеја, а имаше и такви кои сосема го заборавиле војникот на бел коњ. *
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што ако старине кралици во киното Кастро разбрале за гејството – за тоа како да се биде геј – нешто што геј-мажите од мојата генерација, а и од оние по неа, сосема го превиделе, барем кога биле млади и новодојдени на сцената? ‌Ова ме враќа на првобитната, ризична хипотеза.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа музика што тој не сакајќи ја ископа од некои далечни сеќавања, сега сосема го стопли.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа сосема го скрши. На ѕидот Језекил не можеше да стави повеќе ни една тула.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ноќта сосема го заклопуваше затворот и ја угаснуваше вревата, во каушите, ходниците и во дворот темнината стануваше глува и мртва.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И кога сосема го одвиткува писмото, зема да го чита: „Ополномоштително и за осведочение потврдитело на општината, црквата и училиштето ни во наредното соединение и едномислие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа лето, мачно и завриено, дотогаш мирниот ропски живот во Потковицата, сосема го разгрна своето опачно лице и злосторничко срце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓутоа, во душата, тој беше добар човек, добар со другарите, услужлив, но генералскиот чин сосема го извади од колосек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сочувствувањето не му било туѓо: на неговото срце му биле достапни голем број добри движења, и покрај тоа што неговиот чин мошне често им попречувал да се пројават.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но ние, впрочем, сосема го бевме напуштиле значајното лице, кое, всушност, одвај да не било причина за фантастичниот правец на инаку, сосема вистинитата приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога го доби генералскиот чин, тој некако се збрка, си ја загуби патеката и воопшто не знаеше како да се однесува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Случајот сосема го стопи, го погоди в срце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најмрачните психизми на балканското правреме денес продреа во рационалниот живот на општеството и сосема го сузбија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Одоздола веќе не се слушаа гласовите од телевизорот. Симон го беше намалил или сосема го беше запрел.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како вистински и доследен идеалист, тој сосема го укина дуализмот меѓу битието и мислењето, и на свој мистички и идеалистички начин го воспостави нивниот полн идентитет: и материјата на објективниот свет Хегел ја претвори во развоен процес на „светскиот разум“, чиишто категории вечно се движат по законите на една посебна логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Варусу и брат ми Морамаи, кој е сега умрен, поминаа по мене, и; - Ох! ова неподносливо детиште сосема го извалкало патот!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бев прочитал во една книга со геометријски цртежи дека аголот на гледањето сосема го менува впечатокот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Откако сосема го повлече стапот во дупката, Зајачето му викна на Волчко: - Се предомислив, не излегувам, не им верувам на твоите остри заби!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Мислиш ли дека имаме ептен среќа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислиш ли дека ова не е доволно! Ебате живеачката!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кај него, страшни ти беа чиревите, сосема го деморализираа...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си помислив: „По какви сѐ свиоци татко ти ќе ме поведе само за да ми нашепне што точно мисли за таа Пелагија што божем се изгубила на не знам која улица на Одеса“. Бидејќи, да се разбереме, Пелагија била убавица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А мислам, одамна се знае, дека жената кога ќе ја поведе срцето, сосема го губи умот".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Третиот ден нацртав илјада тркалца и така сосема го изгубив меракот за ука.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајката Перса и малечката Пелагија веќе стојат на прагот па радосната шамата сосема го истиснува сонцето, а и златните зрнца од нивните коси и алишта.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Бев зафатена со училиштето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во деновите пред крајот на учебната година сосема го бев заборавила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)