сосем (прил.) - случајно (прил.)

Се сретнаа всушност, сосем случајно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во следниот момент, не сосем случајно, дозволи една мала група луѓе да го раздели од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора да го следела до тука, зашто не беше веројатно дека сосем случајно шетала истата вечер по истите мрачни попречни сокаци, на километри далеку од кој било кварт во кој живеат членови на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сосем случајно: младиот Аполинер, за да заработи за живот, работеше во Германија како учител по француски на децата на една грофица и од таму праќаше дописи за неделникот European.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа што загинал еден Грк, било сосем случајно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
МЕШАЕВ ВТОРИ: Денес, сосем случајно сретнав еден пријател со смисла за хумор, со кој не сме се виделе уште од млади години: тој еднаш се изрази во таа смисла, дека мене и брат ми нѐ глуми еден ист актер, но брата ми подобро, а мене лошо.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во истиот момент, сосем случајно Торнхил му се обраќа на истиот службеник, за да ѝ прати телеграма на својата мајка; руските шпиони кои внимателно ја следат целата ситуација заклучуваат дека Торнхил е прикриениот Каплан.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нели таму бев? Нели гледав? Нели им се восхитував на другарите?...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нели се плашев - да не би да не успеам и поради тоа Љупчо да ми се смее... ајде, мајкин, нејсе, сѐ добро заврши.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ЈАС сосем случајно се извлеков да не направам пакост со овие раце, што сега ја крепат оваа глава да не падне - да не се стркала како тиква... тиква тиквосана, секој може да ја повела како му се сака...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вака, Марко ќе оди кај првите мандолини до Соња, а Влатко кај вторите до Зоки.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Секако, наставникот по музичко сосем случајно ме определи до Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А ќе дојде до тоа сосем случајно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во на се вселив сосем случајно во јуни таа година кога еден мој пријател, а само пријател тоа може да го направи, откако доби поголем стан преку жена му, едноставно ми овозможи да се вселам со тоа што ми го даде клучот а меѓу нас падна договор сето тоа да остане некако настрана од ушите на злобниците.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)